Претпријатијата во Србија на секој сопствен динар користат 1,61 динар позајмени средства. Вкупните обврски на компаниите во Србија се зголемени за 5,8 отсто и достигнаа 14.368 милијарди динари на крајот на минатата година. Сепак, индексот на вкупната задолженост на српската економија во 2023 година бележи благо намалување од 1,68 на 1,61, пренесе Н1.
– Фирмите од стопанството во 2023 година ги зголемија финансиските капацитети и остварија благо подобрување на финансиската положба. Ова влијаеше на позитивни промени во делот на задолженоста и ликвидноста, објави Агенцијата за стопански регистри во Годишниот извештај за економските активности во 2023 година.
Минатата година српската економија работеше со добивка и оствари умерен раст. Во 2023 година е остварен нето позитивен резултат од 972 милијарди динари и е зголемување од 12,3 отсто во споредба со претходната година. Над 75 отсто од компаниите (67.831) забележале нето добивка во износ од 1.297 милијарди динари, шро е за 3,6 отсто повеќе од 2022 година, информираат од АСР. Со нето загуба работеле 29.412 компании, а негативниот финансиски резултат изнесува 325 милијарди динари или намалување од 15,8 отсто.
фото freepic





