Домаќинствата во Словенија продолжуваат да ја подобруваат својата финансиска состојба. Вишокот на финансискиот имот над нивните обврски на крајот на првото тримесечие годинава достигна 62,9 милијарди евра и на годишно ниво порасна за околу девет отсто, објави Банка на Словенија.
Паричните депозити на домаќинствата достигнаа вредност од 29,2 милијарди евра и во однос на минатата година се зголемени за 649 милиони евра, односно за два отсто. Ова е најмал меѓугодишен раст на депозитите од 2015, што се должи и на одливот на финансиски средства за купување на државни обврзници.
Домаќинствата во Словенија имале и вложување во сопственички капитал, најмногу во облик на влогови во претпријатија (62 отсто), вложувања во странство (20 отсто) и вложување во инвестициски фондови (13 отсто).
Обрските на домаќинствата на крајот на првото тромесечие изнесувале 17,5 милијарди евра, а минатата година се зголемени за 797 милиони евра односно за пет отсто. Кредитите на домаќинствата се зголемиле за четири отсто и изнесуваат 15,5 милијарди евра.
Финансиската положба на компаниите во Словенија покажуваат дефицит. Финансискиот имот на нефинансиските претпријатија изнесувале 68,8 милијарди евра и се зголемиле за 6,5 отсто, а корпоративните обрски достигнаа 116,6 милијарди евра или се зголемиле за 4,5 отсто, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic







