Во САД половина од возрасните работоспособни лица имаат ограничено познавање на англискиот јазик

Во САД во последните две децении се зголемува бројот на возрасни лица кои имаат ограничени познавања на англискиот јазик и нивото учество достигна 50 отсто. Државните и федералните служби финансираат програми за обука на луѓето со ограничени познавања на јазикот со намера нивното учество да го намали на 40 отсто, покажуваат последните анализи на Институтот на Универзитетот Масачусетс.

Во анализата се даваат процени дека со зголемувањето на знаењето на англискиот јазик за едно ниво секое работно способно лице, државата може на годишно ниво да генерира речиси три милијарди долари дополнителни приходи .

– Речиси половина милион работно способни жители на Масачусетс имаат ограничено познавање на англискиот јазик. Тоа се 480.000 лица или десет отсто од работната сила во оваа сојузна држава, што претставува сериозен предизвик за економијата, изјави Бостон Хералд.

Недостатокот на јазични капацитети оневозможува да се искористат капацитетите на работниците во целиот нивен потенцијал.

– Постои итна потреба да се поддржат овие десет отсто жители во Масачусетс, кои се 20 отсто работници во градовите, кои имаат ограничени јазични познавања. Тоа ги спречува во нивниот меѓукултурен и општествен ангажман, пристап до поплатени работни места, а го спречува и развојот на економијата, изјави Ненси Хантингтон Стејџер, претседателка и извршна директорка во Истерн Банк Фондацијата, пренесува „Политика“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано