По четири години Банката на Англија со „тесно“ мнозинство ги намали каматните стапки

Банката на Велика Британија денеска ги намали референтните каматни стапки за прв пат по четири години – од почетокот на пандемијата на корона вирусот на почетокот на 2020 година.

Референтната каматна стапка е намалена од 5,25 на пет отсто.

Банката соопшти дека одлуката е донесена со тесно мнозинство од пет гласа „За“. Четворица претставници од Одборот за монетарна политика кои гласаа „Против“ се залагале за задржување на каматната стапка од 5,25 отсто.

– Влијанието на претходните екстремни шокови се намалија и до ублажување на ризикот за опстојување на инфлацијата. Растот на економијата беше посилен од очекуваното, но рестриктивниот став на монетарната политика и натаму влијае на активноста во реалната економија, што доведува до пофлексибилен пазар на труд и до намалување на инфлаторните притисоци, се наведува во Банката на Англија.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано