Ангелов: На Илинден во Македонија беснеат девет пожари, најтежок е на Осоговските планини

– На Илинден, на територијата на Македонија беснеат девет пожари на отворено и шумски пожари, изјави попладнево Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи.

Еден од најтешките пожари е на Осоговските планини, којшто беснее на територијата на Општина Пробиштип, во атарот на селото Зеленград. Овој пожар се одвива на исклучително недостапен терен.

Овој пожар се одвива на исклучително тешко пристапен терен и повеќе денови ни задава главоболка, иако дејствувавме во повеќе наврати во воздухоплови, дејствувавме и од земја. Денеска одлучивме да го нападнеме со концентриран број на хелихоптери. Во текот на утрово, но и во остатокот на денот овде ќе делуваме со осум хелихоптери – 3 македонски (2 армиски и 1 полициски), 1 српски, 2 унгарски, 1 словенечки и 1 чешки, изјави Ангелов.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека денеска до пладне активни се и други пожари на отворено и шумски пожари

Во Општина Демир Хисар гори на Илинска Планина каде се гаси со пет противпожарни авиони – еден на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), два германски и два шведски. На тешко пристапниот терен од земја гаснат локални пожарникари со подршка од месно население.

Во Општина Македонски Брод гори кај селата Тажево и Брезница каде огнот развил крак кон резерватот Јасен. Таму е упатен тим од Унгарија составен од 46 лица со специјални теренски возила и опрема, а заедно со нив ќе гаснат и 50 припадници на Армијата и 20 локални пожарникари.

Во Општина Пробиштип има два пожари. Едниот кај селата Зелениград и Јамиште. Таму се дејствува со осум хеликоптери – домашни и од Србија, Унгарија, Словачка и Чешка. На тешко пристапниот планински терен гаснат локални пожарникари со подршка на 30 припадници на Армијата.

Вториот пожар во Општина Пробиштип е во атарот на селото Стрисовци каде од земја гаснат 35 припадници на Армијата, десет локални пожарникари, како и вработени во Рудник „Булмак“, Јавното комунално претпријатие, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и доброволци од месното население. Од воздух им помага еден хеликоптер од Чешка.

Пожарот во Општина Пласница е кај селото Латово, Македонски Брод. Гори трева, грмушки и нискостеблести растенија. Во гаснењето учествуваат локални пожарникари и тим од Национални Шуми. Пожарот во Општина Пехчево е кај селото Негрево.


Извор и фото МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано