Во Грција оваа летна сезона бројот на издадени концесии закористење на плажите од хотелските капацитети достигна рекордни 1.650 дозволи, што е многу повеќе над почетната процена од 1.200 дозволи одобрени од Министерството за финансии.
Но зголемен е и бројот на пријавите на хотелите кои ги кршат условите за концесија, најчесто со проширување на просторот што не е опфатен со договорот или со промената на природата на работењето, пишува „Катимерини“.
Во екстремните случаи, хотелите кои добиле право да постават штанд со храна на јавната плажа изградиле и кафулиња. Поради тоа, државните и локалните органи во јули извршиле 10.000 инспекциски надзори.
Министертсвото за финансии соопштува дека се контролирани повеќе од 1.100 правни субјекти, а изречените казни надминале вредност од 1,15 милион евра.
фото freepic






