КОИ СЕ ИЗМЕНИТЕ ВО ОРГАНИТЕ НА УПРАВУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп

МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп достави известување до Македонска берза за измени во органите на управување на друштвото. Известувањето е доставено согласно Глава 6 од Правилата за котација.

Во Трговскиот регистар што се води при централниот регистар на Република Северна Македонија е запишан изборот на членовите на органот на надзор на МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, при што како претседател на надзорниот одбор и независен член е запишан Кристоф Ратх, како потпретседател на надзорниот одбор и член е запишан Габор Лехел, како членови на надзорниот одбор се запишани Андреја Јосифовски, Филип Бардас и Реинхард Гојер , а како независен член на надзорниот одбор е запишан Зоран Димов, се наведува во известувањето кое денеска е објавено на сајтот на Македонска берза.

Повеќе од истиот автор

Најчитано