Електрани на Северна Македонија до Македонската берза достави известување за избор на нови членови во Надзорниот одбор. За членови се избрани – Иван Куковски, Леко Ристовски, Ерхан Рамадани, Јетмир Идризи и професорот од Машинскиот факултет Стевче Антовски. Независни членови на одборот се Александар Мурговски и професорката од Машинскиот факутет Маја Аначкова.
Како што е соопштено, изборот е извршен со одлука на владата и во содејство со собранието на акционери на ЕСМ.
Со истата одлука се разрешуваат досегашните членови на ова тело на ЕСМ – Слаѓана Богановиќ, Васил Коцев, Игор Петков, Сашо Додовски, Ридван Асани, Катерина Митовска Наковска и Арбен Несим.






