КОЈ ОДИ СЕКОЈ ДЕН НА ПАЗАР, А КОЈ САКА ДА КУПУВА ВО МАРКЕТИ, истражување за потрошувачките навики во Словенија, Хрватска и Србија

Жителите на Словенија и Хрватска купуваат храна два до три пати неделно, најчесто во трговските синџири, а Србите купуваат секојдневно и почесто во локалните продавници, месарници и на пазарите. Словенечките потрошувачи повеќе го истакнуваат квалитетот, а на хрватските и на српските им се поважни пониските цени, објави Медиана ТГИ Адриа.

Во Словенија само седум отсто од купувачите прават набавки секој ден. Во Хрватска тоа го прават 15 отсто, а во Србија 36 отсто од граѓаните.

Во сите три земји најголем број од граѓаните купуваат во големите центри или супермаркетите: во Словенија 88 отсто, во Хрватска 83 отсто и во Србија 65 отсто од купувачите.

– Во Словенија како најважни фактори за пазарење се квалитетот, свежината на храната и локацијата на продавницата. На хрватските и српските потрошувачи им се важни свежината и цената на производот. Хрватите ги следат и акциските понуди, а во Србија им е поважна близината на продавницата, изјави Јерица Урбанчиќ Мених, директорка во Меидана, која ги истакна значајните разлики за одлуката на купувачите во трите земји, објави „Сеебиз“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано