Најбарани професии на пазарот на трудот во Србија се работници во трговијата, машинството, ИТ, администрацијата и угостителството. Во изминатите месеци има континуирана побарувачка која се движи над 43.000 слободни работни места. Најголем дефицит има за работните места: магационери, возачи, административни работници, работници во производство, келнери, комерцијалисти, хигиеничари и телефонски оператори, објави „Пословни инфостуд“.
Просечната плата за овие работни позиции зависи од видот на работното место. Возачите заработуваат во просек 870 евра, телефонските оператори 880 евра, а за комерцијалистите се нуди плата од 1.000 евра. Административните работници се платени 650 евра, келнерите 564 евра, магационерите 683 и хигиеничарките 538 евра.
Но занаетчиските работници се платени повеќе. Водоводџија во Србија има плата 1.100 евра плата. Автомеханичарите заработува 982 евра, фризерите заработуваат во просек 790 евра, пекарите 760 евра и месарите 650 евра.
фото freepic






