Доколку сакате и сте подготвени да го почнете вашето академско патување, тогаш Словенија е вистинската дестинација, затоа што има добро развиен образовен систем кој нуди академски програми во согласност со европските стандарди. Универзитетите и факултетите нудат програми на словенечки и на англиски јазик, овозможувајќи пристап до високото образование за меѓународни студенти и настава која може да се одвива онлајн. Словенија е дом на меѓународна студентска заедница, која бара квалитетно образование, активен начин на живот и културно збогатување во сигурна и пријателска средина. Позната по својата безбедност и висок квалитет на живот, чиста и зелена околина, со пристапни цени за сместување, транспорт и храна, е особено значајно за идните студенти кои ќе го продолжат своето образование во оваа земја. Словенија нуди можности за меѓународните студенти да останат и да работат по завршување на студиите. Како членка на ЕУ, студентите можат да бараат работа во различни сектори, а земјата е позната по својата силна економија и технолошки развој.

Меѓу овие високо-образовните институции е познатиот Факултет за општествени применливи студии (ФУДШ) кој нуди динамични програми дизајнирани да овозможат знаење и вештини за успех во денешниот брзорастечки свет. Со силен фокус на иновации, критичко размислување и глобални перспективи, ФУДШ обезбедува исклучителна образовна средина за идните лидери. ФУДШ ги подготвува идните академци со програми за додипломски, магистерски и докторски студии во различни области на општествените и комуникациски науки, насочени кон подготовка на студентите за кариера во современите и високо трансформативни професии.
Програмите за додипломски студии ги поттикнуваат студентите да станат пионери во истражувањето на социјалните и комуникациските науки, истовремено градејќи ја својата кариера на највисоко академско и професионално ниво.
Програмата за додипломски студии во Социјален менаџмент ги подготвува студентите за кариера во управување со општествените процеси и креирање стратегии за развој на различни организации, како што се јавните институции, невладини организации и компании. Оваа програма ги обучува студентите со мултидисциплинарни знаења од областа на социјалните науки, економијата и менаџментот.
Програмата за додипломски студии во Медиуми и новинарство нуди детално спознавање на медиумите, новинарството и масовната комуникација. Оваа програма е дизајнирана за оние кои сакаат да се вклучат во новинарската професија или да работат во медиумската индустрија како професионалци за односи со јавноста, медиумски стратези, комуникациски или дигитални експерти.
Магистерските програми на ФУДШ се насочени кон напредно изучување на различни дисциплини во општествените науки, со акцент на примена на теоретското знаење во практични ситуации. Програмите се дизајнирани за оние кои веќе имаат основа во својата област, сакаат да го продлабочат своето разбирање и да ги усовршат своите вештини за професионална кариера или академско истражување.
Факултетот за општествени применливи студии нуди напредни докторски програми кои овозможуваат студентите да го достигнат највисокото ниво на академска експертиза и истражување во областа на општествените науки. Програмите се дизајнирани да ги подготват студентите за академски, истражувачки и лидерски позиции во различни институции и организации. Студентите имаат можност да работат под менторство на водечки професори и истражувачи во својата област и да придонесат со иновативни истражувања и публикации. По завршување на докторските студии на ФУДШ, студентите се подготвени за напредни академски и истражувачки позиции на универзитети и институти ширум светот. Покрај тоа, студентите по стекнатото звање (Ph.D.) на докторските студии може да работат како консултанти, аналитичари и истражувачи во јавниот и приватниот сектор, да водат меѓународни проекти или да управуваат со истражувачки тимови во глобални организации и институции.
Програмите на ФУДШ се насочени кон создавање професионалци кои ќе можат да се справат со современите предизвици и да направат значителен придонес во општеството преку својата работа.
Детални информации за студиските програми може да најдете на линк:






