Русија денеска го претстави планот до 2042 година за изградба на 11 нови големи и мали нуклеарни електрани за производство на струја. Нацрт дијаграмот на идните објекти за производство на електрична енергија е даден на јавна расправа, пренесе ТАСС.
Во додатокот на документот се наведува дека новите нуклеарни електрани ќе бидат градени во: Ростов, Свердловск, Чељанинск, Томск, Приморско, Краснорајск, во Ханаровската област, како и во Чукотка и Јакута.
Според нацрт планот, инсталираната моќност на сите руски нуклеарни електрани треба да достигне 34.576 мегавати, што е 12,3 отсто од вкупната инсталирана страна на електраните во Русија.
Инсталираната моќност на ветерните и соларните електрани треба до крајот на 2042 година да достигне 7,6 отсто од вкупната инсталирана моќност во земјата од 22.658 мегавати, пренесува „Еуроњуз“.
фото freepic





