ГРЧКАТА АВИОКОМПАНИЈА СО ПОМАЛКУ ЛЕТОВИ ЗА СКОПЈЕ, „Ејџијан Ерлајнс“ ќе ги намали летовите на линијата Скопје-Атина

Грчката авиокоманија „Ејџијан Ерлајнс“ во зимската сезона ќе го намали бројот на летови на линијата Атина – Скопје, објави специјализираниот портал „Екс Ју авијација“.

Како што пишува порталот, „Ејџијан Ерлајнс“ ќе ја опслужува релацијата четирипати неделно, што е намалување во однос на шесте летови неделно во претходната зимска сезона.

Нема промени во бројот на летови на „Ејџијан Ерлајнс“ на линијата Скопје – Сараево, каде се планирани по три во ноември и декември годинава и по два во јануари, февруари и март следната година.


Извор МИА

фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано