Во второто тримесечје од 2024 година, во патничкиот патен превоз биле превезени вкупно 10 686 илјади патници, што е намалување од 15,1 отсто. во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статстика.
Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 14,5 отсто, во приградскиот превоз за 16,5 отсто, во меѓуградскиот превоз за 9,9 отсто, а во меѓународниот превоз е намален за 30,3 отсто.
Во второто тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 19,5 отсто.
Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 13,6 отсто, во приградскиот превоз е намален за 13,7 отсто, во меѓуградскиот превоз е намален за 0,9 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 29,7 отсто.
фото freepic






