Локалната влада на шпанската покраина Екстремадура нуди по 15.000 евра за заинтересираните лица кои сакаат да се преселат во оваа област за период од најмалку две години. Оваа автономна покраина е меѓу најненаселените области во Шпанија и издвои буџет од два милиони евра за да привлечат 200 дигитални номади и работници на далечина, пренесува CNBC.
Оваа парична поддршка е наменета за „домување, за обработливо земјиште и за се што е потребно за да се забрза нивното доаѓање во овој регион“.
Огласот ќе биде објавен во септември, а кандидатите можат да конкурираат и онлајн. Условите се: кандидатите да не живеат во Екстремадура во последните шест месци, да имаат легален престој во Шпанија и странски матичен број, како и да работат на далечина во технолошката индустрија, пренесе „Еуроњуз“.
фото freepic







