Американските производители на нафта и гас во Мексиканскиот Залив ги евакуирале своите вработени и го прекинаа бушењето за да се подготват од невремето што го носи тропската бура „Френсин“.
Бурата „Френсин“ неделава ќе донесе поројни дождови во областите на брегот на Тексас и Луизијана, проследено со силни ветрови во јужниот дел на Луизијана.
Бурата поминува низ американскиот воден простор во Мексиканскиот Залив и до среда ќе прерасне во четврт ураган во оваа сезона. Сезоната на урагани трае до 30 ноември, пренесуваат медиумите во светот.
фото freepic






