СЛОВЕНЦИТЕ СЕ ПЛАШАТ ОД ВИСОКИ ДАНОЦИ ЗА НЕДВИЖНОСТИ ВО ХРВАТСКА, годинава бројот на барања за купување на недвижности од словенечките купувачи е зголемен за 20 отсто

Словенeчките сопственици на недвижен имот во Хрватска, кои се претежно на приморскиот регион, стравуваат од воведувањето на новиот данок за недвижности. Според неофицијалните податоци словенечките граѓани поседуваат околу 115.000 недвижности. Само во 2023 година, според податоците на хрватската даночна управа, биле купени околу 3.400 недвижности. Во 2022 година Словенците купиле 3.300 , а во 2021 година околу 2.300, објави љубљанско „Дело“.

Купувачите од Словенија најчесто се заинтересирани за апартмани на хрватското приморје, кои ќе служат и за изнајмување. Словенците вложуваат во недвижен имот на Истра и Кварнер, Далмација и островот Крк.

Годинава бројот на барања за купување на недвижности од словенечките купувачи е зголемен за 20 отсто во однос на минатата година. Нивниот интерес е насочен на квалитени недвижности и на добри локации. Словенците значајно влијаат и на растот на цените на апартманите на хрватскиот пазар и го преземаа приматот од Германците, кои пред неколку години беа главните купувачи на недвижности, пишува „Пословни дневник“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано