Индексот на индустриското производство во Македонија во август 2024 година, во однос на август 2023 година, изнесува 98,4. Индексот на индустриското производство во периодот јануари – август 2024 година, во однос на периодот јануари – август 2023 година, изнесува 96,4, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи опаѓање од 18,4 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1,3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4,6 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Печатење и продукција на снимени медиуми
(записи), Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки, Производство на мебел и Поправка и инсталирање на машини и опрема.
Според главните индустриски групи, производството во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст кај Капитални производи за 28,7 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 34,0 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8,7 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 14,6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,0 %.
фото freepic






