Во Европската Унија во 2023 година се увезени за пет отсто повеќе соларни панели во вредност од 19,7 милијарди евра, но поради падот на цените вредноста на увозот е намалена за 12 отсто во споредба со една година претходно, објави денеска Евростат.
Во истиот период земјите од ЕУ увезле течни биогорива за 3,9 милијарди евра, што е пад на вредноста за 22 отсто. Намалувањето на увозот на биогорива во количина изнесува 2 отсто.
Во текот на 2023 година во Европската Унија се увезени турбини на ветер во вредност од 0,3 милијарди евра, што е значителен пад за 66 отсто во однос на вредноста, а во однос на количината намалувањето е за 68 отсто.
Во исто време, извозот на соларни панели од ЕУ е во вредност од 0,9 милијарди евра, на течни биогорива за 2,2 милијарди евра и турбини на ветер за две милијарди евра. Извозот на соларни панели изразен во вредност пораснал за 19 отсто, а во количина за 37 отсто, пренесе Б92.
фото freepic






