Вкупниот јавен долг во светот годинава за прв пат треба да надмине 100.000 милијарди долари и може да надмине над прогнозираното ниво, поради политиката која фаворизира зголемена потрошувачка, додека забавениот економски раст може да ги зголеми трошоците за задолжување, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Најновиот извештај на ММФ покажува дека глобалниот јавен долг ќе достигне 93 отсто од глобалниот бруто домашен производ до крајот на 2024 година. До 2020 година јавниот долг би достигнал 100 отсто, пренесува „Фена“.
Во случај да се оствари „сериозното негативно сценарио“ глобалниот долг може да се зголеми на 115 отсто од БДП за само три години.
фото freepic







