НА ЕДНО НОЌЕВАЊЕ НАЈМАЛКУ ТРОШАТ ТУРИСТИТЕ ОД ГРЦИЈА, А НАЈМНОГУ ОД…

Жителите во Европската Унија оствариле 1,14 милијарди туристички патувања со најмалку едно ноќевање во 2023 година, што е зголемување за 5,7 отсто во споредба со 2022 година. Околу 110 милиони патувања биле поради профеисонални обврски, а другите биле остварени поради лични причини, објави Евростат.

Туристите во ЕУ најмногу ја избирале сопствената земја за патување. Во 2023 година 73 отсто од вкупните туристички патувања биле во домашни дестинации, а над 56 отсто биле кратки патувања со едно или три ноќевања.

Трошоците за патување во ЕУ минатата година (превоз, сместување, услуги или други продукти) достигнале 553 милијарди евра и има зголемување од 16,5 отсто споредено со 2022 година. Просечните трошоци за едно ноќевање изнесува 97,6 евра, а во 2022 година овој износ бил 87,3 евра.

За една ноќ најмногу потрошиле туристите од Луксембург (183 евра), потоа туристите од Австрија (161 евро) и од Ирска (143 евра). Граѓаните од Грција за едно ноќевање потрошиле 48 евра, од Полска 52 евра и од Чешка 57 евра , пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано