Во Холандија 540.000 луѓе се сиромашни или 34 отсто помалку од минатата година, а ова намалување се должи на примената на новата методологија, која ја применуваат Статистичкиот завод на земјата, Институтот за буџет и Холандскиот институт за општествени истражувања.
Според претходните пресметки, во Холандија имало 820 илјади сиромашни лица. Претходно истражувањата за сиромаштијата во Холандија се базираа на пет различни критериуми, односно на приходите и фиксните трошоци на домаќинствата. Со новата методологија при одредувањето на сиромашниот статус на лицето се зема предвид и неговата имотна состојба.
Минатата година границата на сиромаштија во Холандија беше одредена на 1.510 евра месечно за самец и 2.535 евра за двајца возарсни со мали деца. Со новите критериуми семејството кое нема приходи, но има големи заштеди и нема долгови не се смета за сиромашно, пренесува „Политика“.
фото freepic






