Стапката на невработеност во Хрватска се намали на историски најниското ниво и во септември достигна 4,6 отсто. Во август годинава невработеноста во Хрватска изнесуваше 4,8 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Бројот на регистрирани невработени лица во Хрватска на месечно ниво се намали за 5,8 отсто, а 82.839 лица биле невработени.
Во септември годинава во Хрватска се регистрирани 1.729.859 вработени лица, од нив 801.192 се жени. Бројот на вработени во септември се зголеми за 2,4 отсто на меѓугодишно ниво, објави Б92.
фото freepic





