Во здравството наскоро 1 500 вработувања и 300 идната година, најави Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари е оптимист дека наскоро ќе се најде решение за колективен договор, кој ќе го опфати целиот медицински персонал. Тој вечерва, во телевизиско гостување, најави 1 500 вработувања наскоро и 300 идната година.

Оваа недела, рече Таравари, со премиерот и министерката за финансии ќе го разгледаат колективниот договор со кој би се решило прашањето на медицинските работници барем за наредните десет години. Тој очекува најмалку 1 800 вработувања во првата година од владеењето на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ.

Како што потенцира министерот, идејата за нов клинички центар не е откажана, но прво треба да се изградат болниците во Штип и Кичево.

– Ние сме во преговори со сите здравствени синдикати и се надевам дека набргу ќе седнеме, мораме да седнеме со премиерот и да се договориме за колективниот договор којшто би бил решение за сите здравствени работници. И тоа е решение за следните десет години, да немаме главоболки со медицинските работници. Јас се надевам дека неделава ќе седнеме и со министерката за финансии и со премиерот и со здравствените синдикати за евентуално да се договориме. Секако дека ќе има покачување на платите, посебно кај средномедицинскиот персонал, напомена Таравари во интервјју за „360 степени“.


Извор МИА

фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано