ВО ЦРНА ГОРА ИМА 70.000 НЕЛЕГАЛНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ

Во Црна Гора има 70.000 бесправно изградени објекти, од нив 17.000 се во Подгорица. Освен нелегалната изградба, проблем претставува и легалната и масовна изградба на објекти, што предизвикува и сообраќајни проблеми и недостиг на струја и вода во месеците на летната туристичка сезона. Будва и Котор се примери за прекумерната урбанизација во Црна Гора, а на тоа предупредуваат и од УНЕСКО.

Процесот на легализација не фунакционира како што треба. Во последните пет години околу 3.000 објекти се изградени легално. Легализацијата на бесправно изградените објекти во Црна Гора е на ниско ниво, а државата не прави доволно да ја спречи бесправната градба, туку со своето делување го промовира таквото однесување, вели граѓанскиот активист Алаксандар Драгиќевиќ, пренесува „Пословни дневник“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано