Во наредните шест години за развојот на женскиот фудбал во Европа на сите категории на натпреварување ќе бидат вложени милијарда евра од Европската фудбалска унија (УЕФА).
Целта на УЕФА е фудбалот да стане најпопуларен тiмски спорт за жени во секоја држава во Европа, со зголемување на државните професионални лиги и бројот на професионални играчи да се зголеми од 3000 на 5000.
Минатата година вкупниот број на играчи во женскиот фудбал изнесувал 1,6 милиони, а планот е да се зголеми на 2,9 милиони.
Вкупниот приход кој го добиваат клубовите во Лига на шампионите за жени е 24 милиони евра, од нив 22 милиони евра се субвенции од приходите остварени во машкиот фудбал.
Финалето на Европското првенство за жени во 2022 година го гледаа 50 милиони луѓе, а финалниот натпревар на Лигата на шампиони за жени имаше пет милиони гледачи, пренесува „Бизлаив“.
фото freepic







