Маркетиншкиот пристап во продажбата на производите за Ноќта на вештерките последните години во Србија се проширува и во областите кои не се поврзани со овој празник, а различните акции од трговците се однесуваат и на апаратите за лична употреба, облека, козметика и за производите кои се продаваат во аптеките. „Страшен попуст за Ноќта на вештерките“ е еден продажните слогани со кои различните компании се обидуваат да привлечат поголем број на купувачи.
Консултантот за дигитален маркетинг Ивана Ќирковиќ, во разговор за „Еуроњуз Србија“, вели дека користењето на овој празник во маркетиншки цели годинава „интензивно заживеа и во Србија“.
– Некои датуми се популарни и брендовите и бизнисите ги користат за секоја прилика за да бидат конкурентни и видливи за одредени целни групи. Така, и неделата кога се одбележува Хеловин стана можност за промовирање на сопствените производи, објаснува Ќирковиќ.
Со рекламирањето на некој производ во неделата на овој празник, кој се одбележува на 31 октомври, се создава „емоционана врска со купувачите“ , иако тие можеби нема да го купат производот што им се нуди од трговците. Но, тоа може да се случи во нарединиот период кога ќе им е потребен.
Пример за искористување на Ноќта на вештерките во продажни цели е една продавница за сладолед во Белград, која нудела бесплатна слатка на секој купувач, кој на 31 октомври ќе дојде маскиран.
Истражување на Германското здружение за трговија од 2023 година објави рекордна продажба од околу 480 милиони евра во најголем дел потрошени за украси, костими и шминка. Сепак, само 13,5 проценти од сите испитаници рекле дека сакаат да трошат пари на артикли за празникот. Во САД приходите се многукратно повисоки. Ноќта на вештерките се смета за најпрометен празник по Божиќ. Според анкета од 2021 година, граѓаните на САД сакале да потрошат околу 10 милијарди долари на производи поврзани со празникот. Сепак, трошењето околу Божиќ е над трилион долари, објави „Дојче веле“.
фото freepic







