Економските реформи во Европската Унија станаа уште поитни по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, предупреди денеска Марио Драги, поранешен претседател на Европската централна банка и италијански премиер, политичар и економист, кој присуствуваше на неформалниот самит на ЕУ во Будимпешта.
На почетокот на септември Драги го објави извештајот за потикнување на растот во Европа.
– Препораките во овој извештај веќе беа итни, а по американските избори стануваат и поитни, изјавил Драги.
Како што е познато Трамп вети дека ќе се посвети на трговскиот суфицит на ЕУ и ќе воведе царини за европските производи.
Европа треба да го зајакне растот со големи инвестиции во дигиталните иновации, зелената транзиција и одбранбената индустрија.
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјавил дека предлогот содржи бројни подобрувања и иновации кои и се потребни на Европа, пренесе „Бизнис.ба“.
фото freepic






