Цените за зимување во планинските центри во Србија за периодот од Нова година до Божиќ се повисоки за десет до 15 отсто во однос на минатата година. Но и со повисоките цени за сместување хотелските капацитети на Копаоник се речиси целосно пополнети.
– За време на зимскиот распуст на учениците десетдневен аранжман во зимските центри во Србија се движат од 350 до 5.000 евра во зависност од категоризацијата на објектот, изјави Драган Суботиќ, претседател на Националната асоцијација на туристички агенции во Србија (НАТАС).
На Копаоник има голем број на приватни апартмани, за чие изнајмување се плаќа околу 1.000 евра во периодот за празниците. Хотелите се поскапи и тие нудат десет ноќевања со доручек од 1.600 до 5.000 евра.
На Златибор цените се поповолни и за десет ноќевања од 7 до 17 јануари во приватно сместување се плаќа околу 350 евра. Во хотелите за десет дена престој се плаќа 2.500 евра, објави „Курир“.
фото freepic






