Германскиот Совет на економски експерти очекува мошне низок раст на економијата за следната година, по овогодишниот пад. Советот на експерти ја намалил прогнозата и предвидѕца дека БДП следната година ќе порасне за 0,4 отсто.
– Континуираниот слаб раст сугерира дека германската економија ја кочат циклични и структурни проблеми, се наведува во соопштението на Советот на експерти.
Претходно во прогнозите за германската економија се предвидуваше раст од 0,2 отсто во 2024 година и 0,9 отсто во 2025. Германската влада ја намали својата економска прогноза и годинава се очекува раст од 0,2 отсто.
Предвремените парламентарни избори во февруари ќе придонесат за општата економска неизвесност, во услови на намалување на производната вредност и на инвестициите. Заздравувањето на глобалната економија нема да придонесе за зголемување на германскиот извоз во очекуваните проекции, сметаат германските економисти, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic






