ХАКЕРИТЕ ЈА ПРОМЕНИЈА ЦЕЛТА НА САЈБЕР НАПАДИТЕ

Стручњаците за сајбер безбедност во финансискиот сектор укажуваат на новите трендови кои покажуваат пад на бројот на нападите на традиционалните банкарски и финансиски напади на персоналните компјутери, додека се зголемуваат сајбер заканите за паметните телефони.

Во извештајот на компанијата Касперски се наведува дека годинава бројот на корисниците кои биле изложени на мобилни финансиски закани се зголемиле за повеќе од двапати, односно за 102 отсто на глобално ниво во однос на 2023 година.

Очекувањата се дека овој тренд ќе продолжи и годинава. Но годинава се зголемил и бројот на сајбер напади поддржани од вештачката интелегенција и на директните системи на плаќање и друго, пренесува „Новости“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано