Во Европската Унија во 2023 година речици една третина од населението или 28,8 отсто од граѓаните се изјасниле како субјективно сиромашни, а тоа се лицата кои имаат пониско ниво на образование. Во 2022 година во оваа категорија на граѓани биле 29,5 отсто од граѓаните на ЕУ, објави денеска Евростат.
Овој процент е за трипати помал меѓу лицата со високо ниво на образование и изнесува 9,4 отсто од населението (во 2022 година биле 9,2 отсто). Учеството на сиромашни меѓу лицата со средно ниво на образование изнесува 18,5 отсто, а во 2022 година изнесувало 18, 0 отсто.
Најголем процент на субјективно сиромашни има во Грција, објави „Танјуг“.
фото freepic






