НАДМИНАТА РЕКОРДНАТА ЦЕНА ЗА ШОЛЈА КАФЕ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Млекарница во Шкотска нуди најскапа шолја со кафе во Велика Британија за цена од 272 британски фунти (344 долари) за дупло еспресо со млеко, со краткотрајно уметничко дело од пената на млекото.

Оваа шолја со кафе може да се искористи во текот на акцијата која ја спроведува млекарницата во Шкотска, а купувачите добиваат сертификат за еспресо со млеко ои користат млеко од оваа млекарница, кое може да се купи во еден од 13 ресторани.

– Ова кафе чини 80 пати повеќе од просечното еспресо со млеко во Велика Британија, но е многу повеќе од овој обичен напиток, изјавил сопственикот на фармата Брајс Канингем.

Преходната највисока цена за послужување на кафе од 265 фунти ја имаше кафуле во Лондон во луксузните квартови на градот, пренесува Б92.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано