НА АУКЦИЈА Е ПРОДАДЕН ЗЛАТНИК ТЕЖОК 10 КИЛОГРАМИ

Уникатен златник кој е изработен од канадската Кралевска ковачница за пари е продаден на аукција за рекордна сума од над 1,5 милиони долари, пренесоа медиумите во Канада.

Златникот е тежок 10 килограми, а направен е по дизајнот на уметникот Џејмс Харт, кој е припадник на староседелците од народот Хеиди, кои ги населувале островите од западниот брег на Канада. Пренесува јавниот сервис ЦТВ њуз.

На златникот се прикажани ликови и мотиви од традиционалната уметност и е продаден на анонимен купувач.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано