СКАНДИНАВСКИТЕ ЗЕМЈИ СЕ НАЈПОДГОТВЕНИ ЗА ПЛАЌАЊЕ БЕЗ ГОТОВИ ПАРИ

Земјите од северниот дел на Европа се најподготвени за иднината за безготовински трансакции, додека најслаби се Ерменија, Грузија и Германија, покажуваат податоците од Светската банка, Евростат и други јавно достапни информации кои ги објави норвешкиот сајт „Финанспласен“. Во анализата се користени податоци за бројот на банкоматите и терминалите за плаќање на 100.000 луѓе, лимитот за безготовинското плаќање со картички и процентот на населението кое користи интернет банкарство.

Норвешка е најдобро подготвена за иднината без користење на готови пари во оптек, а земјата има најмалку банкомати, но околу 96 отсто од населението користат интернет банкарство. На второ и трето место се Финска и Данска, кои имаат повеќе банкомати од Норвешка и помалку терминали за плаќање, но со приближен процент на корисници на интернет банкарство.

Во првите десет земји се и Холандија, Шведска, Исланд, Естонија, Литванија, Кипар и Швајцарија.

Според Оле Петерсон експертот за лични финансии, поголемата раширеност на безготовинското плаќање во Скандинавските земји е поради природната конфигурација на земјата со ретко населени подрачја и тешки временски услови, кои го отежнува традиционалниот начин на плаќање. Дополнително влијание имаат и високиот степен на доверба во јавните институции и помалата популација која овозможува и полесна примена на нови политики. Сепак, властите во Норвешка и во Данска инсистираат на зачувување на дел од плаќањата во кеш, посебно како превентива од евентуални дигитални напади или подолги исклучувања на струјата, пренесува „Бизпортал“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано