ВО СВЕТОТ ПАТУВАЛЕ НАД МИЛИЈАРДА ТУРИСТИ, КОИ СЕ НАЈБАРАНИ ТУРИСТИЧКИ ДЕСТИНАЦИИ

Во првите девет месеци годинава во светот патувале околу 1,1 милијарда туристи, што е зголемување за 13 отсто за истиот период во 2023. Деветмесечниот туристички промет е за два отсто помалку од пандемиската 2019 година.

Според Светскиот туристички барометар, годинава се очекува целосно заздравување на глобалнот туризам по периодот на здравствената криза.

Некои туристички региони во светот оствариле раст над десет отсто во споредба со 2019 година. Вкупно 35 од 43 земји со достапни инаформации го имаат надминато туристичкиот промет од пред пандемиската година.

Меѓу земјите со висок туристички раст годинава се Србија со удвојување на прометот од 2019 година, како и Пакистан со раст на приходите за 64 отсто. Романија остварила раст од 61 отсто, Јапонија од 60 отсто, Португалија со 51 отсто, Никарагва и Танзанија со по 50 отсто раст на приходите.

Од Турција информираат за раст на туристичкиот промет од 41 отсто, Франција со 27 отсто, во Шпанија со раст од 36 отсто и во Италија со зголемен туристички промет од 26 отсто.

Европа била најбарана туристичка дестинација во 2024 година. Африка бележи раст на туристичките посети од шест отсто. Блискиот Исток го посетиле 29 отсто повеќе туристи, пренесува „Пословни дневник“.

Повеќе од истиот автор

Најчитано