Во следните пет години во Хрватска се очекуваат инвестиции од речиси 5 милијарди евра во хотелски капацитети, што е значајно за зголемување на квалитетот на туристичкото сместување. За реализација на овие инвестиции потребно е да се изменат повеќе законски и подзаконски акти.
Хрвоје Стојиќ, главниот економист на ХУП, во смета дека новите инвестиции во хотелските капацитети се важни за зголемување на уделот на хотелските кревети во вкупните капацитети, кој сега е околу 10 отсто, за разлика од просечниот 43 проценти во медитеранските дестинации.
Како дел од овој инвестициски циклус, само во следните три години во Хрватска се планирани 6.155 хотелски соби, од кои дури 2.794 соби во сегментот со пет ѕвездички, а 3.361 соба во сегментот со четири ѕвездички. Вредноста на инвестицијата по хотелска единица од 235 илјади евра ја става Хрватска на второ место во регионот.
– Во 2024 година, втора година по ред, Хрватска ќе забележи реален пад на странските приходи во туризмот, што покажува дека постоечкиот модел во кој доминира краткорочното изнајмување се соочува со граници за понатамошен раст. Неповолната структура на сместување очигледно резултира со најниската просечна потрошувачка на странски туристи во Хрватска од околу 160 евра дневно, што е околу два до дури четири пати помала отколку во некои медитерански дестинации, вели тој.
Дневната потрошувачка на туристите во Италија и Шпанија во просек е околу 215 и 260 евра, а во Франција околу 500 евра.
Туристичкиот сектор во Хрватска забележал најголем пад на профитабилноста во 2023 година, на 17,7 отсто, од 22,1 отсто во 2022 година и од 19 отсто во 2019 година.
– Поради проблемот со недостигот на работна сила, кој со годините ќе станува се поизразен, потребно е дополнително да се активира сиот домашен работен потенцијал преку натамошна либерализација на законодавната рамка на пазарот на трудот и забрзување на процесот на издавање работни дозволи за странски работници, вели Стојиќ.
Во 2023 година во туристичкиот сектор во Хрватска издадени се 46.000 работни дозволи на странци, а во 2024 година се очекуваат 50 до 55.000 такви дозволи, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic






