Кварталната стапка на раст на БДП на еврозоната се зголеми во третиот квартал за 0,4 отсто, благодарение на порастот на потрошувачката на домаќинствата, а за тоа придонесоа залихите и повисоката државна потрошувачка, покажува новиот извештај на Евростат. Ова беше и најсилниот раст забележан во последните две години.
На годишна основа, стапката на раст на БДП на еврозоната во третиот квартал беше 0,9%. Германскиот БДП порасна за само 0,1% во истиот период. Сепак, земјата успеа да избегне рецесија, соочувајќи се со низа прашања како што се опаѓање на конкурентноста, забавување на економскиот раст, пад на расположението на потрошувачите и поголема економска и политичка несигурност.
Холандија оствари намален економски раст на 0,8% во третиот квартал од 2024 година, што е намалување од 1,1% во претходниот квартал. Економијата на Шпанија продолжи да се расте со стапка од 0,8%. Француската економија забележа раст од 0,4%.
фото freepic






