Странските работници со работна дозвола кои ќе го прекинат работниот однос ќе можат да се запишат во евиденцијата на Хрватскиот завод за вработување и ќе имаат право на надомест за невработени. Ова право произлегува во измените на Законот за пазар на труд за кој расправаше хрватскиот парламент.
– Невработените лица за прв пат ќе можат да се запишат во евиденцијата на невработени. Идејата е веднаш да им се понуди работа и веднаш да поминат на ново работно место и нема да мораат со сила на законот да се враќаат во својата држава, изјави Иван Видиш, државен секретар во Министерството за труд, пензиски систем, семмејство и социјална политика.
По истекот на доволата за привремен престој странците повеќе нема да имаат право на надомест. Важно е на овие лица да им се овозможи да влезат во евиденцијата и да им се понуди ново работно место, објаснуваат од Министерството за труд, пренесува Н1.
фото freepic






