Во 2023 година во Европската Унија се регистрирани 10,7 милиони нови патнички автомобили. Меѓу нив, најголемо учество имаат автомобилите на бензин (34,5 отсто), потоа хибридните возила (21,1 отсто), електричните (14,5 отсто) и дизел автомобилите (14,3 отсто).
Комбинираното учество на сите хибридни и електрични возила во 2023 година во ЕУ се изедначи со учеството на автомобилите на бензин и дизел (48,3 наспроти 48,8 проценти), објави Евростат.
Минатата година во девет земји на ЕУ, учеството на хибридни и електрични патнички автомобили во новите регистрации надмина 50 отсто.
Најголемо учество е забележано во Финска (78 отсто), со 44 отсто хибридни и 34 отсто електрични, Шведска (69 отсто), со 30 отсто хибридни и 39 отсто електрични и Холандија (68 отсто), со 37 отсто хибридни и 31 отсто електрични автомобили.
Најмало учество на е-автомобилите има Бугарија со седум отсто, потоа Чешка со 20 отсто и Хрватска со 28 отсто.
фото freepic







