Додека на Балканот се очекуваат врнежите од снег пред новогодишните празници многу граѓани во Србија веќе размислуваат каде ќе го поминат следното лето, а тоа го покажува и зголемениот број на резервации за летните аранжмани за 2025 година. Многу туристички агенции во Србија веќе ги промовираат т.н. „first minute” понуди во кои се вклучени и попусти до 40 отсто од редовните цени на аранжманите.
– Продажбата за туристички аранжмани за следното лето почна од средината на октомври годинава. Оваа можност е добра прилика за сите туристи кои однапред знаат каде ќе летуваат следното лето, поради тоа што цените на аранжманите за следната сезона се многу повисоки од годинашните цени. Овој тренд е присутен во целиот свет поради високата инфлација, изјави Александар Сеничиќ, од Националната асоцијација на туристиќката агенција „Јута“.
Со користењето на предвремена уплата може да се заштеди и до 1.000 евра во зависност од изборот на дестинацијата и квалитетот на сместувањето. Заинтересираноста за правење на рани резервации за летувањето се зголеми за 50 отсто во однос на минатата година, пренесува „Еуроњуз“.
фото freepic






