Младите лица во Србија на возраст од 25 до 35 години ќе можат да се стекнат со првата недвижност за домување со субвенционирани кредити, а максималната цена за квадратен метар треба да изнесува 2,200 евра за стан во Белград. Ова се условите за стекнување на првиот стан за младите лица во Србија, што ги најави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Становите за студентите и младите лица мора да бидат укнижени во листите за стара и нова градба, како и за објекти во изградба. Банките или Република Србија ќе ја финансираат изградбата на овие станови.
Во недвижности за домување се сметаат: куќи, станови или делови на станбена зграда кои се наменети за живеење, гаражи или гаражно место, како и земјиште со градежна дозвола за изградба на куќа.
Максималната цена за еден квадратен метар за субвенционираните станови во Белград може да биде 2.200 евра, во Нови Сад 1.800 евра, Ниш 1.500 евра, Крагујевац 1.400 евра и во другите места 1.300 евра. Максималната вредност на недвижноста може да биде 100.000 евра, минималното учество е еден отсто, а најдолг период на отплата на недвижноста е 40 години, а најмногу до 70 години живот, објавија медиумите во Србија.
фото freepic






