Индија лансирала два мали сателита за својот прв експеримент за спојување во вселената, што претставува важен чекор за остварување на амбициите за изградба на сопствена станица и за испраќање на човечки екипаж на Месечината. Првиот обид за спојување на сателитите е планиран за 7 јануари, соопштија од Индиската организација за истражување на вселената (ИСРО).
Доколку биде успешна мисијата, Индија ќе и им се приклучи на САД, Русија и Кина во освојувањето на оваа технологија. Премиерот Нарендра Моди посакува неговата земја да биде вселенска сила.
Индија прва пристигна на јужниот пол на Месечината, а за наредната година планира да испрати астронаути во орбитата.
Индиската вселенска програма датира од 1970 година кога добиваше поддршка од Советскиот Сојуз. Русија обезбедува и друга опрема за индискиот проект за испраќање на луѓе во вселената. Екипаж од Индија веќе ја помина обуката во Русија, пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic







