Трошоците на животот во 2024 година, во однос на 2023 година, бележат пораст од 3,5 %, а цените на мало од 3,8 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во декември 2024, пак, во споредба со истиот месец од 2023 година, трошоците на живот се зголемени за 4,4 %, а цените на мало за 4,3 %.
Движењето на индексот на трошоците на животот во 2024 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 9,9 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици
за 7,6 %, Здравје за 5,3 %, Разновидни стоки и услуги за 5,1 %, Рекреација и култура за 4,9 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 3,8 %, Облека и обувки за 3,1 %, Комуникации, Храна и безалкохолни пијалаци за
2,9 %, Транспорт, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1,4 % и Образование за 0,2 %.
Движењето на индексот на цените на мало во 2024 година, исто така, беше различно кај одделни групи производи. Пораст на индексите е забележан во сите групи: Земјоделски производи за 7,1 %, Услуги за 5,0 %, Пијалаци за 4,0 %, Индустриско-прехранбени производи за 3,5 %, Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 2,1 %.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, изнесуваше 0,3 %. Зголемувањето на инфлацијата во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 4,8 %, рекреација и култура за 1,7 %, ресторани и хотели за 0.4 %, облека и обувки за 0,2 %, разновидни стоки и услуги за 0,1 %.
Во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: комуникации за 0,4 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0,3 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,2 %.
Трошоците на животот во групите: алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други
горива, здравје и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Цените на мало во декември 2024 година во однос на ноември 2024 година бележат раст од 1,2 %, објави ДЗС.
Извор МИА






