Од Скопје ќе се лета до Женева и до Париз

Oд Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа до Женева и до Париз.

Авионската линија Скопје -Женева ќе започне да оперира од 3 ноември, додека Скопје-Париз (аеродром Орли) ќе започне да се оперира од 2 април.

Јавниот повик е се уште отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат критериумите предвидени со повикот, објави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на своjот профил на Фејсбук.

Овие две дестинации се дел од финансиската подршка што ја овозможува Владата преку Министерството за транспорт, а се во рамките на отворениот јавен повик за подршка за воведување на нови авиолинии.

Со овие две нови линии се зголемува бројката на 9 нови дестинации што ги обезбеди Министерството за транспорт. Претходно се потпишаа договори за воведување на линиите: Охрид – Истанбул, Охрид – Базел Мулхаус, Скопје – Дубаи. Скопје – Штутгарт, Скопје – Лион, Скопје – Барселона и за истите се овозможува финансиска подсршка по принципот на патник во доаѓање.

Повеќе од истиот автор

Најчитано