Европските банки ќе им исплатат на акционерите рекордна дивиденда во износ од 123,4 милијарди евра за минатата година, проценува швајцарската UBS. Минатата година исплатите за акционерите изнесувале 123 милијарди евра. Претходните години биле исплатени помали износи односно 80,5 милијарди евра за 2022 година и 24,4 милијарди евра за 2019 година, пренесува „Фајненшел тајмс“.
Според прогнозите на UBS, најзначителни приходи ќе добијат акционерите во најголемите банки во Велика Британија, Франција и Италија.
Големите исплати на акционерите првенствено се поврзани со растот на профитабилноста во банкарското работење и зголемувањето на каматните стапки на централните банки, пренесува РТВ.
фото freepic







