Полицијата во Хрватска апелира до граѓаните да внимаваат кога ги користат банкнотите од 50 евра, бидејќи во некои од жупаниите се појавиле лажни евра.
– Последните неколку денови на подрачјето на Меѓумурската жупанија се појавиле лажни банкноти од 50 евра, а граѓаните ги користеле како вистински при плаќањето на угостителски услуги и при доставувањето на храна, информираат од полицијата.
Лажните евра биле изработени од неквалитетна хартија, без заштитни обележја (воден жиг, заштитен конец и други заштитни елементи), пренесува „Пословни.хр.“.
фото freepic







