Министрите во шпанската влада се согласиле за законско намалување на работната недела на 37,5 часа без да се промени платата, наспроти противењето на работодавачите. На редовната седница на владата денеска е одобрено намалувањето на работната недела од сегашните 40 часа, а одлуката е потпишана од министерката за труд Јоланда Диаз, која е претседател на левичарска партија во Шпанија.
– Овој предлог значи дека живееме подобро, работиме помалку, стануваме попродуктивни и економски поефикасни, изјави Диаз.
Оваа одлука треба да биде изгласана од парламентот, каде владата предводена од социјалистичкиот премиер Педро Санчез нема јасно мнозинство, пренесува „Бизнис.ба“.
фото freepic





