Бројот на aмериканските граѓани кои за првпат поднесоа барања за бенефиции за невработеност се зголеми за 11.000 минатата недела и достигна 219.000 лица, покажаа податоците на Министерството за труд.
Бројката ги надмина прогнозите од 214.000 и беше ревидирана нагоре од претходните 208.000, јавува Anadolu Agency.
Четиринеделниот просек на поднесени барања беше 216.759, што е за 4.000 повеќе од ревидираниот просек од претходната недела.
Американската економија додаде 256.000 работни места во декември, а податоците за јануари ќе бидат објавени во петок.
фото freepic






