Над 1.200 работници ќе бидат отпуштени од странските компании во Ниш, кои се најавени во периодот од два месеца годинава. По најавите за затворање на погонот на познатиот италијански бренд за облека „Бенетон“ во април без работа ќе останат 950 работници од вкупно 1.400 вработени, околу 300 вработени во компанијата „Џонсон електрик“ добиле предлог за спогодбено прекинување на договорите за работа, пренесува Н1.
Од компанијата „Џонсон електрик“ денеска информираат дека немаат донесено предлози за спогодбен прекин на работните места, но не ја исклучуваат можноста глобалните проблеми во автомобилската индустрија да ги погодат и да дојде до отпуштања, пишуваат „Јужне вести“.
Советникот во собранието во Ниш Миодраг Станковиќ соопшти дека голем број вработени во „Јура“ добиле усмено известување дека поради намалената продажба на производите ќе им биде понудено платено отстуство или спогодбен прекин на договорите со исплата на отпремнини.
Станковиќ побара од Министерството за економија на Србија да преземе соодветни мерки затоа што „државата исплатила субвенции за секое работно место“, додека градот е одговорен за отстапеното земјиште за странските компании. Во прeдлогот до Собранието на Градот Ниш се бара да се разгледува оваа состојба со отпуштање на вработените и да се предложат мерки за помош и за намалување на последиците од дополнително паѓање на стандардот на граѓаните.
фото freepic






